недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПОЧИНА ТАПАНАРОТ НА ПОЗНАТИОТ БЕНД: Фановите со нетрпение го очекуваа концертот, а сега срцето им се скриши од тага за него!

ПОЧИНА ТАПАНАРОТ НА ПОЗНАТИОТ БЕНД: Фановите со нетрпение го очекуваа концертот, а сега срцето им се скриши од тага за него!

Тапанарот на музичката група „Фу Фајтерс“, Тејлор Хокинс, ненадејно починал на 51-годишна возраст, соопшти бендот.

Причината за смртта не е утврдена, но постои сомневање за срцев удар.

Бендот моментално е на турнеја низ Јужна Америка, а синоќа требало да настапи во Богота. Сепак, организаторите на концертот најавиле дека бендот нема да се појави поради итна медицинска интервенција.

„Поради многу сериозна здравствена состојба, Фу Фајтерс нема да можат да настапат вечерва и го откажаа остатокот од својата јужноамериканска турнеја“, се вели во соопштението објавено над сцената на фестивалот.

Групата е основана во 1994 година од Дејв Грол. Тејлор Хокинс му се приклучи на бендот во 1997-ма година, а пред тоа свиреше во бендот на пејачката Аланис Морисет.

Најнови вести