Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски очигледно ја нема истата мака како огромен број на граѓани кои не знаат како да си ги платат високите сметки за струја.
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а сметките за струја им се речиси колку платата, тој се гоштева во елитен ресторан „Орсан“ во Дубровник.
Бислимовски викендот си ги поминува во Хрватска.