Синот на Вил Смит и Џејди Пинкет Смит, Џејден се огласи на Твитер откако на 94-тото доделување на Оскарите неговиот татко го удри Крис Рок.
-Ние тоа така го правиме, напиша Џејден по завршување на емитувањето на Оскарите.
And That’s How We Do It
— Jaden (@jaden) March 28, 2022
Во друг твит тој додаде дека говорот на неговиот татко го расплакал.
Оскарот за најдобрата машка улога, ја доби Вил Смит за улогата во филмот „Кралот Ричард“ каде го игра таткото на Серена и Венус Вилијамс.