По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на засилен јужен ветер над 60 километри на час и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денеска и утре, од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ги замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила под високте дрвја, за да се избегнат несакани последици.
Исто така, доколку граѓаните забележат паднато дрво може да го пријават во Центарот за управување со кризи на телефон 195 или да се обртат со директна порака или мејл на ЈП „Паркови и зеленило“, за нивните екипи да интервенираат.