вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Хортикултурно се уредува булеварот АСНОМ кај Ист Гејт

Хортикултурно се уредува булеварот АСНОМ кај Ист Гејт

Екипите на ЈП Паркови и зеленило денеска започаа со хортикултурно уредување на јавната зелена површина на булевар АСНОМ започнувајќи од улица Беласица.

Станува збор за уредување на странично зеленило на булеварот, како и на средишната жардиниера поставена поради новото сообраќајно решение, со вкупна површина од 2.046 квадратни метри.

Уредувањето на површината се одвива етапно, односно прво се врши прекопување на површината, нанесување плодна почва во која ќе се постави систем за наводнување, садење нова вегетација и подигнување тревник.

Предвидено е засадување на листопадни и зимзелени дрвја и грмушки кои се приспособени на нашето поднебје, а со тоа нивниот раст целосно да се вклопи во предвидениот простор, информираат од Град Скопје.