Кога гардероберот ќе ви стане претесен за облеката, а ништо ново немате купено, тоа е вистинскиот момент да го средите комплетно. Помош во тоа ќе имате од проектот 333.
Концептот 333 го развила Кортни Карвер, која лушето ви повикува три месеци да носат само 33 парчиња облека во кои спаѓаат и модните додатоци. Овој проект станал популарен во последните десет години, а многу луѓе поради него прифатиле миниалистички стил на облекување за кои велат дека ги „ослободува“.
Ова се правилата на проектот 333:
-Три месеци носите 33 парчиња облека во кои се вклучени и накитот, обувките и облеката.
-Предметите кои не се вбројуваат во проектот 333 се бурмата или сентименталното парче накит кое никогаш не го вадите од себе, долната облека, пижамите и облеката за вежбање.
-Изберете ги своите 33 предмети, спакувајте го останатиот дел од облеката и тргнете го на место кое нема да ви биде достапно.
-Доколку облеката не ви одговара или е во лоша состојба, заменете ја. Важно е овој проект да не го гледате како казна или страдање.
Анкетите кои неодамна биле направени покажуваат дека просечна Американска поседува облека која е вредна најмалку 450 евра, а најголем дел од таа е износена или искината што укажува дека парите се трошат на работи кои не ви се навистина потребни.
Всушност, 80 проценти од времето луѓето носат само 20 отсто од својата облека, а во гардероберот имаат многу облека и модни додатоци.
-Додека имав многу облека од сите можни материјали, морам да посветам многу внимание, бидејќи една работа не оди со другата или поради бојата или поради материјалот. Мислам дека тоа ми ја одемаше креативноста од другите животни сфери, вели Кортни.
Вели дека својата облека на пере во студена вода, користи природен детергент, избегнува омекнувач и ја суши на воздух, не во машина за сушење.