Откако во 2006 година влезе во реалното шоу „Големиот брат“, Ана Марија Кикош веднаш се најде во центарот на вниманието на јавноста бидејќи се дозна дека е во брак со фолкерот Дадо Полументо.
Ана го придружуваше пејачот на турнеја како танчерка, па брзо се зближија и започнаа врска.
Ана и Дадо од бракот го имаат синот Доријан, но заедницата не траела долго. Потоа Полумента на својата избраничка и ја посветил песната „Није Ана, није Марија“, која беше голем хит.
Судејќи по сликите на Ана, таа ја промени професијата и изгледа многу поинаку, а извесен период била и модел. Некои велат дека претерала со естетските корекции и дека повеќе не личи на себе.