среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дел од реките со зголемен водостој во однос на априлскиот просек

Дел од реките со зголемен водостој во однос на априлскиот просек

Водостојот на Вардар кај Јегуновце, Скопје-Железнички мост и кај Велес, е намален во однос на вчерашната состојба, но е зголемен споредено со просекот на април, освен на мерното место кај Демир Капија каде е на исто ниво со априлскиот просек, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

За 34 сантиметри е повисок водостојот на Треска кај Македонски Брод во споредба со просекот во април, а зголемен е и тој на Пчиња кај Катлановска  бања. Повеќе од тројно под просекот за април е Црн Дрим кај Ложани, а двојно под просекот се водостоите на Струмица кај Ново Село, како и на Крива Река кај Крива Паланка.

Водостојот на Преспанско Езеро  кај мерното место ХС „НАКОЛЕЦ” е четири сантиметри над апсолутниот минимум. 

Најнови вести