среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Не знаев дали родителите ми се живи“: Уапсена е за елитната проституција, а некогаш преживеа пекол

„Не знаев дали родителите ми се живи“: Уапсена е за елитната проституција, а некогаш преживеа пекол

Славица Трипуновиќ, позната како Дајана (51) пред неколку дена беше уапсена во голема полициска акција насочена против елитната проституција во Србија.

Јавноста знае многу за поранешната мисица и пејачка, а таа во неколку наврати отворено проговори за своето бурно минато.

Родена е во Вуковар, а поради распадот на Југославија нејзиното семејство поминало низ пекол.

-Останавме без ништо. Бевме многу богато семејство. Имавме две големи куќи, имот, земја. Два стана кои се уништени. Татко ми имаше многу пари, но исчезнаа. Беше страшно чувството да знаеш дека некој ти ги уништува спомените. Се сеќавам на последните денови во Вуковар од деца од друга вероисповед кои ме мачеа. Главата постојано ни беше во торба. Војната е виновна и за смртта на моите родители. Војната ги уништи. За жал, мајка ми почина многу млада. Таа имаше само 46 години, а јас 20. Таа не успеа ниту да се радува на моите успеси. Тато почина во 2007-ма година. Уживав да бидам со него неколку години. Војната ги уби. Не можеа да поднесат да биде уништено се што стекнале. Ме спаси можноста да станам мис на Југославија, изјави таа во една прилика.

-Јас и мојот помал брат бевме испратени кај тетка ми во Сараево. Не знам каде беа мама и тато. Имавме прекин на комуникацијата неколку месеци. Не знаев дали се живи. Потоа татко ми ја префрли мајка ми во Ровињ. И отиде во војна. Од една страна живеев бајка, а од друга пекол и распаѓање на моето семејство и домашно гнездо, додала таа.

Најнови вести