Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека жителите на улица 30 во Љуботенски пат ќе добијат нова пешачка патека со осветлување и хортикултурно уредување.
-Љуботенски пат добива нова пешачка патека во должина од 800 метри и со ширина 225 метри на потегот од обиколница до автобуската станица.
Завршен е проектот за нова пешачка патека со павер елементи, ново осветлување и хортикултурно уредување ќе бидат дел од од ова ново шеталиште.
Ја зголемуваме безбедноста и граѓаните повеќе нема да се движат по улицата.
Со ова решаваме еден голем горлив проблем на граѓаните од ова населено место кој не бил решен повеќе од 30 години.
Проектната документација е изработена и проектираната вредност на целиот проект е 3.600.000 денари, средства кои ќе се обезбедат од буџетот на Општина Бутел.,
Ова е уште предизборно ветување кое наскоро ќе биде реализирано.
Работиме посветено во интерес на граѓаните
#ОпштинаБутел, стои во неговиот пост на Фејсбук.