четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

МПЦ-ОА: Црковните теми и содржини да се остават на црковните дејци и авторитети

МПЦ-ОА: Црковните теми и содржини да се остават на црковните дејци и авторитети

Македонската православна црква – Охридска Архиепископја (МПЦ-ОА) ги отфрла изјавите дадени за бугарските медиуми со кои, како што се наведува, се проблематизира македонската историска наука и се оспорува континуитетот на МПЦ-ОА.

– Тврдењето дека нашата земја „е типичен пример каде што критичката анализа меѓу историјата и политиката се уште не се случила“ е – неприфатливо. При оваа прилика, кога истовремено се отвора и темата за устројството на Охридската Архиепископија – наследничката на Јустинијана Прима, истакнуваме дека црковните теми и содржини треба да се остават на црковните дејци и авторитети, стои во соопштението од канцеларијата на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

Од Македонската православна црква – Охридска Архиепископја прашуваат по која основа некој ги обележува светителите.

– По која основа некој ги омеѓува светителите? Па тие, благодарение на својот богоугоден живот, дела и подвизи, им припаѓаат на оние народи коишто ги почитуваат! Затоа апелираме дека единствено во духот на Евангелието, само со меѓусебно почитување и признавање, може да се придонесе во градењето на довербата меѓу двата едноверни и со сите народи, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.

Најнови вести