Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска го слави 31-от роденден.
По тој повод вечерва во салата „Марко Цепенков“ – Прилеп со почеток од 19:30 часот под слоганот „Визија за победи, шанса за промени“ ќе одбележат 31 години постоење.
Од партијата информираат дека обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Пред присутните исто така ќе се обрати и претседателот на УМС, Сергеј Попов.