вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Еве кои производи се повлекуваат од Македонија: Фереро ја донесе оваа одлука поради случаи на салмонела во други земји

Еве кои производи се повлекуваат од Македонија: Фереро ја донесе оваа одлука поради случаи на салмонела во други земји

Фереро соработува со локалните власти за храна за можна поврзаност со голем број пријавени случаи на салмонела во други земји надвор од Република Македонија.

Соопштението од компанијата го пренесуваме во продолжение:

И покрај тоа што ниту еден од нашите Kиндер производи пуштени во промет на пазарот не се позитивни на салмонела и досега не сме добиле поплаки од потрошувачите, ние го сфаќаме ова крајно сериозно, бидејќи грижата за потрошувачите е наш главен приоритет.

Како мерка на претпазливост, ја донесовме одлуката доброволно да ги повлечеме следните броеви на лотови од Kиндер шоко бонс и Киндер сорпреса макси во Република Македонија, кои се произведени во Белгија.

Сите други производи на Фереро, вклучувајќи ги и другите производи на Kиндер, не се засегнати од ова доброволно повлекување.Работиме со нашиот дистрибутер за да се осигураме дека овие производи повеќе не се достапни за купување. Доколку имате еден од овие производи, ве советуваме да не го консумирате. Ве молиме чувајте го производот и контактирајте го нашиот тим за грижа на потрошувачи на следниот меил: [email protected].Сите други производи на Фереро, вклучувајќи ги и другите производи на Kиндер, не се засегнати од ова доброволно повлекување.

Безбедноста на храната ја сфаќаме исклучително сериозно и жалиме за оваа непријатност.

Најнови вести