Претставничката на Србија на Евровизија, Ана Ѓуриќ – Констракта ја воодушеви публиката и во Израел.
Констракта на 5-ти април отпатува во Тел Авив заедно со повеќе од 20 делегации на уметници од цела Европа кои ќе учествуваат на Евровизија.
Овој голем концерт на претставници се одржува непосредно пред Изборот за песна на Евровизија, кој во мај годинава ќе се одржи во Торино.
По тој повод, Констракта го промени костимот и настапи во црвен фустан кој воодушеви многумина, а во нејзината рака беа неизбежните бели пешкири.
Но, кореографијата беше поинаква, што секако не влијаеше негативно на реакциите на публиката, напротив.
#Israel🇮🇱⎮🇷🇸 Antes de comer hay que lavarse las manos “In corpore sano”. Konstrakta esc.22 #IsraelCalling#Eurovision · #ESC2022 · #TheSoundOfBeauty pic.twitter.com/FX9qEIFV8D
— 𝗽𝗹𝗮𝘆 Ξ𝗦𝗖 (@esc_play) April 7, 2022