среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Побарано приведување на Мухамед Зеќири

Побарано приведување на Мухамед Зеќири

Кривичен суд издаде наредба за приведување на Мухамед Зеќири.

„По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот и тоа на единствената адреса посочена во предлогот. Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

Кривичниот суд Скопје постапува согласно Законските одредби и транспарентно и отчетно ги информира медиумите за сите решенија и одлуки кои се од јавен интерс, но должен е истовремено да ја почитва пресумцијата на невиност и Уставно загрантираните права и слободи на граѓаните“, велат од Кривичен суд.

Најнови вести