недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ковачевски да се огради од тие кои го прикриваа убиството на ракометарот, во спротивно ќе сметаме дека се виновни за прикривање на убиство“

„Ковачевски да се огради од тие кои го прикриваа убиството на ракометарот, во спротивно ќе сметаме дека се виновни за прикривање на убиство“

Убиството на ракометарот на РК Бутел ниту една разумна личност не би го оправдала, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Клучната тема во овој трагичен настан, кој најостро го осудуваме е – зошто владата на Ковачевски се обиде убиството на хрватскиот ракометар да го прикрие како да не се случило?!?! Зарем беа толку наивни да поверуваат дека вистината нема да се дознае? Дали има нешто повеќе и нешто друго заради што Ковачевски и кадрите на СДСМ се одлучија на овој катастрофален чекор на прикривање на убиство?! Жално е кога денес како луѓето што дојдоа на бранот на борбата за фер и транспарентни институции, ги гледаме во едно крајно лошо светло како соучесници и џелати на правдата и вистината во Македонија, велат од партијата.

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ го повикува Ковачевски да се огради од оние што се обидоа да го прикријат убиството на ракометарот на РК Бутел и најостро да ги санкционира истите во согласност со законите на оваа земја. Во спротивно, ќе сметаме дека СДСМ и Ковачевски лично се директни учесници во овој грозоморен чин.

Најнови вести