сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Спасовски ја прикрива вистината за убиството на ракометарот Тот, до крајот на денот да ја каже вистината

Лефков: Спасовски ја прикрива вистината за убиството на ракометарот Тот, до крајот на денот да ја каже вистината

Имаме информации кои создаваат сериозен сомнеж дека МВР, Спасовски и Ковачевски прикриваат убиство. Три пати во тек на едно деноноќие властите менуваат изјави, и официјални известувања, истакна на денешната прес-конференција пратеникот и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Во породолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Лефков:

-КАРИЛ дава официјална изјава, дека станува збор за природна смрт на ракометарот Тот, за по реакциите на јавноста и зголеменото медиумско влијание да каже дека станува збор за смрт причинета од тепање.

Ист е односот и од МВР и од Јавно обвинителство. Се менуваа изјави и гледишта.

Денеска јавниот обвинител Бубевски потврдува дека сепак станува збор за убиство, причинето со претепување.

Почитувани,

Со тоа што не се оградија ниту извинија за прикривање на јасно убиство нив ги прави првоповикани.

Нашите информации говорат дека за убиството има најмалку десетина сведоци.

Според нашите сознанија во најблиското опкружување имало полиција која не регистрирала убиство, туку природна смрт на млад човек.

Оттука одговорноста на МВР и Спасовски е уште поголема, бидејќи негови екипи биле директно присутни на терен.

Наместо да спречи, или во најмала рака веднаш да го расчисти случајот, МВР на Спасовски пуштила да избега убиецот.

Спасовски ја прикрива вистината за убиството, ако не излезе до крајот на денот и да ја каже вистината, јасно е дека крие.

Бараме одговори и одговорност, рече Лефков.

Најнови вести