петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маџунков: Целта на договорот е да изумре постоењето на македонскиот народ

Маџунков: Целта на договорот е да изумре постоењето на македонскиот народ

Академикот Митко Маџунков, во емисијата Ѕид на „Алфа“  ТВ истакна дека целта на договорот кој го направија македонските власти со Грција, е да изумре постоењето на македонскиот народ. Тој посочи други решенија за влез на Македонија во Европската Унија, но целта според Маџунков не е таа, туку една и единствена, а тоа е исчезнување на македонскиот народ.

-Ако Европската Унија сака да влеземе во тој сојуз, тие не треба да настапуваат со Грција, што има Грција со тоа? Да се направи дистинкција, значи Македонија постои како област а ова е Република Македонија. Веќе е разлика. Имаше 1001 решение. Ама решението беше да се столчи еден народ истакна Маџунков.

Маџунков тврди дека откако ќе се промени името на државата, веднаш ќе се побара и да се водеде двојазичноста во Македонија. Тој потсети дека во Тиранската платформа најприв беше побарана промена на Уставот која што со неа носи и промена на знаме, химна и така натаму.

-Ако ова помине, веднаш ќе излезат со ова со законот. Не треба никој да заборави дека во албанската Платформа првобитно беше побарано , промена на Устав. Таму беше побарано да се менува Уставот а со тоа ќе се промени се, се споменуваа, и знамето и химната и се, рече Маџунков.

Најнови вести