сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕЛС со поддршка на Македонски пошти, спремни да разнесуваат пратки за време на штрајкот

ЕЛС со поддршка на Македонски пошти, спремни да разнесуваат пратки за време на штрајкот

Согледувајќи ги актуелните случувања со Националниот оператор АД Пошта на Македонија, сакаме да дадеме целосна поддршка на синдикатот и не се сомневаме дека заедно со менаџментот на АД Пошта на Македонија ќе изнајдат најдобро решение за сите страни, порачуваат од Еко Логистик Сервис.

-Воедно ЕЛС како најголем приватен поштенски оператор, кој располага со најголеми капацитети и најголем број на возила и канцеларии, подготвени сме да да излеземе во пресрет на потребите на јавниот и приватниот сектор, како и на граѓаните за извршување непречена функционалност во доставата на нивните писма и пратки бидејќи ЕЛС ги поседува сите дозволи и лиценци за вршење поштенска дејност и врши достава до сите населени и рурални места во државата, велат тие.

Најнови вести