Ова се комбинации на хороскопски знаци кои совршено си одговараат и сигурно ќе имаат убава врска.
1. Близнаци и Водолија
Страствени се и таа страст е нешто на што секогаш можат да се потпрат кога работите ќе тргнат надолу. Близнаците живеат спонтано, додека Водолиите се многу крути и организирани. Поради тоа се дополнуваат многу добро.
2. Вага и Рак
Кога станува збор за Вага и Рак, тие се пар од рајот. Тие се олицетворение на тој термин. На Вагите им треба наклоност и потврда од другите луѓе, а Ракот е многу грижливо битие. И двајцата се многу емотивни и комуникативни и постојано разговараат за тоа како врската да им биде уште подобра.
3. Вага и Скорпија
Помеѓу нив постои таква синергија која тешко може да се најде во други врски. Скорпиите се многу опсесивни и страствени, додека Вагите сакаат да се нечија опсесија и да бидат сакани. Затоа овој пар многу добро функционира. Потребно им е малку време да развијат чувства еден за друг, но кога искрата ќе се запали, ништо нема да го спречи тој пламен да станува се’ појак и појак.
4. Девица и Бик
Тие многу добро се поврзуваат во многу аспекти на животот. Добри деловни партнери се. Тие се компатибилни љубовници и најдобри пријатели. Биковите се амбицозни и свртени кон остварување на своите цели, додека Девиците се порамномерни и едноставни. Одлично се согласуваат и практично се незапирливи.
5. Стрелец и Овен
Нема поголеми авнатуристи од нив. Тие се љубопитни и имаат природна глад за возбудувања. Секогаш се препуштат на својата внатрешна љубопитност за животот и светот. Не се плашат да исчекорат од својата зона на комфор. Многу се паметни и страствени. Иако тоа понекогаш може да биде извор на судир, тие умеат добро да се изборат со нив.
6. Рак и Риби
На ова врска никогаш нема да и недостасува сочувствителност, чувствителност и емотивна интелигенција. Тие секогаш пронаоѓаат начин да ги решат своите емотивни проблеми. Не се плашат да водат долги и длабоки разговори. Иако можеби изгледаат кротко и со едноставен ум, имаат јако срце. Секогаш се во склад со своите чувства и знаат како да се однесуваат еден кон друг.