Меколи Калкин (41) славата ја стекна како дете со улогата во филмот „Сам дома“ во кој го толкуваше ликот на момчето Кевин.
Тој неодамна беше фотографирана со неговата свршеница Бренда Сонг, која исто така е актерка, и нивниот син Дакота во Лос Анџелес и заедно изгледале многу среќно и задоволно.
Двојката е заедно од 2017-та година, а се запознале на снимањето на филмот Changeland. За Entertainment Tonight Бренда изјавила дека ги поврзува заедничкото минато, односно дека и двајцата глумеле како деца.
Парот доби син во мај 2021-ва година, кој го доби името Дакота по покојната сестра на славниот актер, која загина во 2008-ма година во трагична сообраќајна несреќа.
Актерот со години се бореше со зависноста од алкохол и дрога, а во 2012-та година беше фотографиран и изгледаше премногу слаб на сликите, што ги шокираше неговите обожаватели. Се чини дека тој тежок период е далеку зад него.
Macaulay Culkin 2012 :/ pic.twitter.com/H5baec8v
— Josh (@JoshMcFrown) August 2, 2012