среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПРЕСВРТ ВО ОДНОСОТ! Хари откри како ја поминал посетата на кралицата, а познато е и колку време разговарал со својот татко

ПРЕСВРТ ВО ОДНОСОТ! Хари откри како ја поминал посетата на кралицата, а познато е и колку време разговарал со својот татко

Принцот Хари и Меган Маркл се поканети да се појават на балконот на Бакингемската палата заедно со остатокот од кралското семејство за време на платинестиот јубилеј на кралицата. Принцот за прв пат проговорил за тоа како тајно ја посетил својата 96-годишна баба, кралицата Елизабета.

Тој рече дека е прекрасно да се види кралицата во живо, а покрај неа го видел и неговиот татко, принцот Чарлс со кој бил само 15 минути.

Хари ја посети кралицата на пат кон спортскиот натпревар „Invictus Games“, додавајќи дека е сигурен дека Елизабета ќе биде среќна да биде таму со нив.

Иако Меган и Хари се поканети да го прослават јубилејот на кралицата, бидејќи престанале да ги извршуваат кралските должности, нема да бидат поканети да учествуваат на официјалните настани. Соработниците на кралицата мислат дека многу би и значело да ги има Хари и Меган со себе за време на прославата, особено што таа сè уште немала шанса да ја запознае малата Лилибет.

Да потсетиме, британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган минатиот четврток се сретнаа лице в лице со кралицата Елизабета, изјави неговиот портпарол откако весникот „Сан“ објави за посетата. Портпаролот рече дека двојката застанала во палатата на пат кон Хаг, каде што присуствувале на Игрите Invictus, додавајќи дека Хари претходно рекол дека се надева дека ќе се види со својата баба. Бакингемската палата одби да коментира.

Најнови вести