четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колев: После 20 години, се градат две улици во индустриската зона УЗУС

Колев: После 20 години, се градат две улици во индустриската зона УЗУС

После 20 години, се градат две улици во индустриската зона УЗУС во Велес, исјави денеска градоначалникот на општината Марко Колев.

-Денеска во Велес во индустриската зона УЗУС каде почнавме градежни работи за изградба на две улици во индустриската зона.

Се работи за проект кој е финансиран преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, каде што центарот за развој на планскиот регион и општина Велес го имплементираат овој многу значаен проект за оваа индустриска зона.

На територијата на општина Велес има пет индустриски зони, тоа е УЗУС, Речани, Речани два, индустриската зона Караслари и индустриската зона Мамутчево.

Ја користам оваа прилика да упатам апел до централната власт еве дека треба сериозни финансиски средства до делот на подобрувањето на основната инфраструктура затоа што Велес е помеѓу поголемите општини кои немаат технолошки развојни индустриски зони и цел терет кој се однесува на основната инфраструктура паѓа на општината, а тоа не можеме ние да го издржиме.

Значи оваа индустриска зона е повеќе од 20 години и патната инфраструктура не е решена, појасни Колев.

Најнови вести