четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Северина денеска полни 50 години – нејзината друга половина објави невидено видео во јавноста од пејачката, овие кадри ретко се гледаат (ВИДЕО)

Северина денеска полни 50 години – нејзината друга половина објави невидено видео во јавноста од пејачката, овие кадри ретко се гледаат (ВИДЕО)

Една од најголемите музички ѕвезди на овие простори, Северина Вучковиќ денес го слави својот 50-ти роденден.

Нејзините пријатели започнаа да објавуваат роденденски честитки на социјалните мрежи после полноќ, а прва тоа го сторила нејзината долгогодишна пријателка и сплитска фотографка, Соња Дворник.

Таа објави видео со досега невидени сцени од приватни моменти, како и патувања на кои тие биле заедно.

„Ти благодарам за љубовта! Среќна 50-ка, amore mio“, напиша таа во описот на видео снимката, додека во позадина пееше песната на Френк Синатра – „My Way“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sonja Dvornik (@sonjadvornik)

На честитките им се придружи и хрватската докторка Ивона Игерц, која раководи со медицинскиот оддел во естетската клиника во Лондон.

Познато е дека пејачката за прославата го изнајмила загрепскиот ноќен клуб Минт. Со оглед на тоа што популарното собиралиште прима неколку стотици луѓе, јасно е дека популарната Северина подготвува забава за уживање и долго сеќавање.

Инаку, во 2011 година Северина го прослави својот 39 роденден во еден загрепски ресторан со околу 200 гости, меѓу кои беа најпознатите имиња на хрватската јавна сцена. Со неа тогаш се забавуваа Харис Џиновиќ, Петар Грашо, Џоле, Димитрије Поповиќ, Лука Нижетиќ и многу други, а се очекува годинашната забава да биде уште поголема.

Најнови вести