Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на работните активности и асфалтирањето на улицата „Солунска“, со што се завршува втората делница, предвидена со проектот за реконструкција.
Овој проект, опфати реконструктивни зафати на водоводната мрежа, мешовитата канализациона мрежа и поставување на нов коловоз.
Улицата „Солунска“ е дел од проектот „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, за кој градоначалникот Коњановски, најави дека ќе биде завршен оваа градежна сезона.