четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Живеела во сиромаштво и делела едно јајце со тројцата браќа – денес во реновираниот дом на Зорица сè е златно и кристално (ФОТО)

Живеела во сиромаштво и делела едно јајце со тројцата браќа – денес во реновираниот дом на Зорица сè е златно и кристално (ФОТО)

Пејачката Зорица Брунцлиќ израснала во сиромаштво, додека денес ужива во вилата која ја изградила со многу труд заедно со сопругот Мирољуб Аранџеловиќ Ќемиш.

Имено пејачката во една емисија неодамна откри дека едно јајце го делела со целото семејство и дека денес не скрие да покаже колку постигнала во животот.

-Ние навистина како семејство бевме сиромашни, јас го делев јајцето на четири дела заедно со трите браќа. А потоа доаѓате во ситуација да јадете колку сакате јајца вие и сите околу вас, раскажа Зорица во емисијата.

Таа отворајќи ги вратите на својот дом открила дека децата често и велеле зошто го повторува тоа постојано дека немала што да јаде.

-Не го повторувам поради нив, него поради себе, за да не заборавам никогаш од каде доаѓам и што сум постигнала, вели таа.

Во одредени делови од куќата може да се забележи дека домот е реновиран, а сменет е и мебелот, како и дека има нови детали како на пример леопардово крзно кое стои на ѕидот.

Таа поседува и базен во дворот, во домот таа има и сопствено студио , фризерски салон како и сала во која доаѓаат гости кога организираат семејни прослави.

Најнови вести