четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеќири на местото на Положани како ректор на универзитетот „Мајка Тереза“, министерот Шаќири на церемонијата

Зеќири на местото на Положани како ректор на универзитетот „Мајка Тереза“, министерот Шаќири на церемонијата

Заслугата за сите успеси и достигнувања на најмладниот, но и најбрзо растечкиот државен универзитет „Мајка Тереза“ е на целиот персонал кој тука работи од 2016 година, предводен од првиот и досегашен ректор, проф. д-р Азиз Положани, кој всушност покажа и докажа како се води и насочува во вистински правец еден универзитет. Од мое лично име и од името на Министерството за образование и наука му благодарам за сиот досегашен труд и му честитам за сите постигнати резултат. На новиот ректор, проф. д-р Изет Зеќири му посакувам да ја продолжи успешната приказна и да ја предводи оваа високообразовна установа кон нови достигнувања.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната церемонија по повод примопредавањето на функцијата ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Верувам дека проф. д-р Положани и натаму ќе биде целосно на располагање за сите вработени тука, за совети и препораки и секако ќе биде пример за посветеност и пожртвуваност во извршувањето на функцијата ректор. Од друга страна пак, знам дека и новиот ректор, проф. д-р Зеќири добро ги знае состојбите во оваа високообразовна установа и воопшто во високото образование во државата, така што сигурен сум во квалитетно раководење и во добра иднина на овој универзитет“, рече Шаќири.

Министерот потенцираше дека со отворањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во 2016 година, се реализираше уште една голема идеја во рамки на заложбите за унапредување и проширување на можностите за едукација на сите граѓани, особено на албанската популација во земјата, но и во регионот, затоа што овој универзитет сé повеќе станува избор и на студенти од околните држави.

“УМТ дава голем придонес кон реализација и унапредување на високообразовната и научно – истражувачката дејност. Веќе создава академски генерации кои се потврдува дека се добро подготвени и успешно се интегрираат во функционирањето на општествените системи, но и се предводници на промените кон подобро“, потенцираше Шаќири, додавајќи дека МОН останува отворено за соработка, а универзитетот секогаш ќе ја има поддршката која ќе му биде потребна.

Најнови вести