четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува штрајкот во училиштата, градинките утре почнуваат со работа

Продолжува штрајкот во училиштата, градинките утре почнуваат со работа

Членството на СОНК денес се изјасни за предлозите по вчерашното постигнување на договор меѓу Владата и СОНК.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков ги сумираше заклучоците од денешниот Совет на СОНК кој разговараше за вчерашните договори со Владата.

-Нашето членство се изјаснуваше по однос на договореното и ги сумиравме резултатите. Од вкупно 480 синдикални организации,  388 беа за продолжување на штрајкот, а 83 за прекинување на штрајкот. Најголем дел од овие се од синдикатот за детска заштита, додека за продолжување на штрајкот се изјаснија синдикалните организации од основното и средното образование. СОНК со оглед на сумираните резултати, одлучи штрајкот во основното и средното образование да продолжи и во утрешниот ден се до исполнување на нашите барања. Во градинките штрајкот ќе се стави во мирување, градинките редовно ќе работата во интерес на родителите, децата и на стопанството кое трпи, и ќе ги отворат вратите и ќе работат со нормален интензинет, рече Неделков.

Најнови вести