четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Масовен протест на 4-ти мај: Членството на СОНК излегува пред Влада

Масовен протест на 4-ти мај: Членството на СОНК излегува пред Влада

Советот на СОНК одлучи да организира голем масовен протест на 4-ти мај 2022 (среда), пред Владата.

Денес беше донесена одлука да се прекине штрајкот во градинките, а да продолжи во училиштата.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков ги сумираше заклучоците од денешниот Совет на СОНК кој разговараше за вчерашните договори со Владата.

-Советот на СОНК во знак на незадволство од резултатите на преговорите одлучи да организара голем масовен протест пред Владата в среда на 4 мај 2022 година, истакна Неделков.

-Нашето членство се изјаснуваше по однос на договореното и ги сумиравме резултатите. Од вкупно 480 синдикални организации,  388 беа за продолжување на штрајкот, а 83 за прекинување на штрајкот. Најголем дел од овие се од синдикатот за детска заштита, додека за продолжување на штрајкот се изјаснија синдикалните организации од основното и средното образование. СОНК со оглед на сумираните резултати, одлучи штрајкот во основното и средното образование да продолжи и во утрешниот ден се до исполнување на нашите барања. Во градинките штрајкот ќе се стави во мирување, градинките редовно ќе работата во интерес на родителите, децата и на стопанството кое трпи, и ќе ги отворат вратите и ќе работат со нормален интензинет, рече Неделков.

Најнови вести