вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Македонија од своето осамостојување прави отстапки, но датум за преговори со ЕУ никако да се добие

Андоновски: Македонија од своето осамостојување прави отстапки, но датум за преговори со ЕУ никако да се добие

„Можам да оценам позитивно тоа што ЕК и нејзините претставници се активни на терен и се обидуваат да изнајдат некакво можно, излезно решение односно да ги подобрат каналите на комуникација. Не би бил преголем оптимист дека тоа ќе вроди со плод во ситуација во која што во Европа се случуваат тектонски пореметувања, кои што не ги очекуваше ниту безбедносната, ниту политичката инфраструктура. Позитивно е тоа што Западниот Балкан, Македонија, Албанија пред другите држави од регионот се на агендата на ЕУ. Тоа е еден позитивен знак, но сепак јас не би ги кревал премногу очекувањата дека од тој позитивен ангажман ќе се случат некои не знам какви поместувања напред, но сепак е за поздравување тоа што еве и комесарот Вархеји беше во еднодневна посета на Македонија и што најави дека можеби тие посети би зачестиле или би биле повеќе на регионот и во Македонија и од тука позитивно можам да го оценам, но со доза да речеме на умерен скептицизам“, истакна Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Андоновски додаде дека децата родени во годината кога се има потпишано договор за стабилизација и асоцијација, и тоа први во регионот гласаа на последните два циклуси на избори. А, тоа значи тие деца целиот свој живот го слушале терминот „само што не сме добиле датум за преговори“. А, зборот „вето“ веќе константно веќе го имаат слушано.„Во една анализа се гледа дека Македонија прави отстапки од своето осамостојување преку знамето, преку привремената референца, небројано пати промена на Уставот, промена на името, а од друга страна немате никакви опипливи резултати последниве 15 до 20 години во однос за ЕУ“, појасни Андоновски.

Андоновски посочи дека во однос за изјавата на Петков, според него треба да се гледа на три центри на моќ во Бугарија за да се добие вистинскиот одговор. Првиот е Петков, чија што поддршка во општата слика во Бугарија паѓа драматично последниве неколку месеци и веќе не е истиот политичар со истиот углед и поддршка од населението како што беше кога дојде на позиција премиер. Второ, се води коалиција од три партии од кои што двете партии па се радикално против било какво отворање на преговори со Македонија и од нив се слуша анти ставови кон Македонија. И третата фигура која што можеби највнимателно треба да се следи, тоа е поранешниот комунистички генерал Румен Радев, сегашен претседател на Бугарија. Тој пак има националистички ставови против Македонија и во последно свое излагање говореше дека македонскиот народ е измислена комитернорска творба.

Најнови вести