Меланија Трамп, сопругата на поранешниот претседател на САД повеќе од 20 години поминала во Сеница, во Доњепосавската регија, во тогашната југословенска република Словенија каде е родена на 26 април 1970-та година.
Детството го поминала во мал град од 5.000 илјади луѓе, а иако таму израснала таа со години не дава интервјуа за словенечките медиуми.
Како тинејџерка се преселила во поголема куќа заедно со семејството, а потоа и во стан во Љубљана. Жителите на Сеница раскажуваат дека нејзиниот татко Виктор продавал делови за автомобили, а нејзината мајка работела како кројачка во фабрика за детска облека.
Првите модни чекори ги направила на 16 години, а со 17 позирала пред познатиот фотограф Стане Јерк.
Американските медиуми своевремено ги контактирале луѓето кои биле во контакт со Меланија како би дознале зошто таа никогаш не се вратила во родната земја и зошто не сака да зборува за некогашниот живот.
Еден од изворите тврди дека Меланија крие нешто што може да биде лошо по нејзината кариера и дека тоа е една од причините зошто не сака да ја посети Словенија.
-Често се фали како зборува повеќе јазици, словенечки никогаш не проговорила во јавноста, па ни кога се сретнува со своите земјаци, тврди тој.
Меланија 15 години не пречекорила тука – поранешната прва дама на САД не сака да зборува за животот пред Трамп бидејќи крие голема тајна!