четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски: Се реконструира патот до село Дихово

Коњановски: Се реконструира патот до село Дихово

Започнаа активностите за реконструкција на коловозот на локалниот пат до село Дихово, во должина од 1200 метри, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес изврши увид во теренските активности и беше запознат со динамиката на изведба на градежните работи.

Со реконструкцијата, ќе се добие обновено патно поврзување на оваа рурална туристичка атракција во непосредна близина на градот, во која уживаат и битолчани и странски туристи.

Инвестицијата на општина Битола за реконструкцијата на локалниот пат до селото Дихово изнесува 5.640.000 денари, пишува во својата објава Коњановски.