Психолошки и енергетски вампири може често да се најдат во вашето опкружување. Оваа карактеристика ја имаат луѓето кои се обидуваат вашите емоции да ги искористат за лична корист. Нивните методи се добро смислени.
Често овие луѓе се пријатни, заводливи, но кога ќе паднете во нивната замка ќе почувствувате дека ви недостасува енергија, негативно сте расположени и без желба и ентузијазам.
Еве како да познаете дека во ваша близина имате енергетски вампир.
-Тие бараат сожалување и постојано се жалат на нешто претставувајќи се како жртва на која им треба помош.
-Сметаат дека сите околу нив се виновни за нивните неволји.
-Предизвикуваат расправии, емотивни навреди и искажуваат бес и за најмалата работа.
-Сакаат интриги, а трачевите им носат посебно задоволство. Ги собираат туѓите слаби точки и манипулираат.
-Одат во крајност, прават брзоплети потези без да размислат за последиците
-Имате недостаток на енергија откако ќе разговарате со нив се чувствувате тажно, нерасположено, без желба за нова активност.
За да се заштитите треба да научите на овие луѓе да има кажете не и јасно да поставите граници. Не веривајте на трачеви и верувајте си самите на себе.
Не се плашете да се одвоите од луѓе кои ја користат вашата добрина, вашето внимание и љубов.