понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Започнаа работните активности за рехабилитација на улици во Битола

Започнаа работните активности за рехабилитација на улици во Битола

Денес започнаа градежните работи за рехабилитација на коловозот на улиците „Бранислав Нушиќ“ и „Христо Узунов“ во Битола.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на активностите на терен, каде со месното население разговараше за динамиката на реализација на проектите за рехабилитација, со кои овие улици ќе добијат нов коловоз во должина од над 500 метри. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 2.681.632 денари.

Со денешните активности, се работи на подобрување на патната инфраструктура на 11 улици во Битола, како дел од проектот кој го најави градоначалникот Коњановски, а кој вклучува изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици во општината.