Снежана Ѓуришиќ со години ужива во љубовта со гинекологот Вања Милошевиќ, а малкумина знаат дека Вања не е неговото вистинско име.
Имено, докторот всушност се вика Јован Милошевиќ.
-Партнерот на Снежана не се вика Вања, туку Јован. Малкумина знаат дека ова е неговото вистинско име затоа што веќе долго време сите го викаат Вања! Дури и неговите пријатели и колеги му се обраќаат со прекар, а не со име, а тој не се жали. Ова е малку необично затоа што личи како тој нешто да крие, вели медиумски извор на Тв Пинк.
Снежана, секако, знае дека нејзиниот партнер сака да го нарекуваат со прекар, па секогаш ја почитува неговата одлука.
-Точно е дека моето вистинско име е Јован, а прекарот ми е Вања уште од детството. Само мајка ми кога ми се лути ме вика по име, а сите други по прекар, потврди за медиумите д-р Милошевиќ.