ЈП Улици и патишта и ЈП Водовод и канализација ја известува јавноста дека на булеварот ВМРО на автобуската постојка кај „Тифани“ настана пропаѓање на коловозот.
-Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Улици и патишта“ моментално се на терен со мерни возила и ги утврдуваат причините за оштетувањето на коловозот, како и можните проблеми со водоводната мрежа и ќе инервенираат според потребите за да го вратат коловозот во првобитната состојба, велат тие.