вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Стојанов: Финишира реконструкцијата на сите краци на улицата „ЈНА“ во Неготино

Стојанов: Финишира реконструкцијата на сите краци на улицата „ЈНА“ во Неготино

Финишира реконструкцијата на сите краци на улицата „ЈНА“ во Неготино, информира преку својата Фејсбук страница градоначалникот Д-р Горан Стојанов.

Во согласност со Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу нашата држава и Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, а врз основа на договорот помеѓу општина Неготино и Министерството за транспорт и врски за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во општина Неготино, финишира реконструкцијата на сите краци на ул„ЈНА“ во нашиот град во должина од 860 метри.

Од денеска се започна со асфалтирање на улицата-активност која ќе се одвива во наредните 3 денови заклучно со понеделник, па токму затоа се замолуваат граѓаните да не ги паркираат возилата на оваа улица. Изведувач на работите е фирмата Жикол ДООЕЛ Струмица, а за надзорот е задолжена фирмата ГЕИНГ ДООЕЛ Скопје, пишува Стојанов во својата објава.