Започна асфалтирањето на улицата „Христијан Карпош“ во Оризари, во должина од 143 метри и ширина од 4,5 метри, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов.
-Станува збор за асфалтирање на улица на која претходно беше извршено тампонирање и беше поставена решетка за атмосферски води. Вкупната вредност за асфалтирање на улицата изнесува 1.255.000 денари, истакна Папазов.