четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Кисела Вода и Алкалоид АД Скопје обезбедија 1500 сирупи за имунитет за децата од градинките

Општина Кисела Вода и Алкалоид АД Скопје обезбедија 1500 сирупи за имунитет за децата од градинките

Донација од 1500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата обезбеди Општина Кисела Вода преку донација од Алкалоид АД Скопје.

– Денес, преку Секторот за образование и предучилишно воспитување, им беа доставени на сите градинки кои се во надлежност на оваа локална самоуправа. Истите, потоа ќе ги подигнат родителите кои се пријавиле дека сакаат ваков суплемент за поддржување на детскиот раст и развој. Еден дел од мутивитаминските сирупи беа доделени на семејства со деца кои се во социјален ризик, информира општина Кисела Вода.

Од таму додаваат дека се работи за производ Бекутан кој содржи девет витамини кои ќе се искористат како превентивна мерка во насока на заштита на здравјето на децата.

– Грижата за децата и нивната здравствена заштита, останува да биде во преден план на функционирањето на Оштина Кисела Вода. Проектите, каков што е денешниот се значен сегмент од постигнувањето на ваквите цели, се вели во соопштението.

Општина Кисела Вода и се заблагодари на Алкалоид АД Скопје, која преку оваа донација уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност.