Денеска во доцните попладневни часови па и во првиот мрак (до околу 20 часот) беше реализира успешна координирана спасителна акција на институциите од системот за управување со кризи кај кањонот Матка во содејство на специјалците од МВР, пожарникарите од Скопската бригада и Брзата медицинска помош во координација на Центрот за управување со кризи (ЦУК).
Возрасен маж околу 50-ина години, во доцните попладневни часови, паднал во бесознание од слошување заради срцева здравствена слабост, при самостојно рекреативно пешачење на патеката до манастирот Свети Никола Шишевски што се наоѓа на десната страна од акумулацијата „Матка“. Први, случајно и пред стемнување, го пронашле граѓани – рекретавци коишто помогнале и реагилале превентивно, го згрижиле и веднаш го известиле Центарот за управување со кризи (преку единствениот број за итни повици броевите 112, а и преку стариот број 195), а истовремено бил запознат со случајот и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по што следела координирана спасителна акција.
При координацијата со институциите од Системот за управување со кризи, по наредба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на терен во спасителна акција многу брзо излегле и дејствувале припадниците од специјалната Единица за брзо распоредување (ЕБР). На терен, заедно со специјалците, биле и помогнале и припадници на Противпожарната бригада од Скопје, коишто дејствувале зело време заедно со специјалците.
Тимот од специјалци од ЕБР од МВР имал и болничар којшто се погрижил загрозениот граѓанин да биде во стабилна и свесна состојба од неговото преземање од местото каде што бил паднат во бесознаие, а бил пронајден и згрижен и чуван од совесните рекреативци, па потоа бил под надзор од болничарот и цело време при неговото извлекување на раце – со носилка, се до местото на предавање на Брза помош кај мостот на Треска после Брана Матка.
Успешната координирана спасителна акција на институциите од системот за управување со кризи кај кањонот Матка до медицинско згрижување на загрозениот граѓанин е завршена вечерва, нешто по 20 часот.