Изминативе недели ја започнавме големата пролетна работна акција на територијата на Општина Јегуновце, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиновски.
-Екипата на ОЈП Јегуновце координирано спроведува активности за чистење на локалните патишта од надвиснати гранки како и косење и уредување на парковите по населените места и уредување на зеленилото. Деновиве се работи на рачистување и касрење на дрвата на локација од населено место Шемшово до населено место Сиричино. Приоритет ставаме на чистотата. Нашата цел е општина Јегуновце да го врати својот сјај и одново да биде чиста и зелена општина! Истакна Костадиновски.