На социјалните мрежи, попладнево се појави урнебесна порака оставена на автомобил во скопската населба Влае. На еден од паркираните автомобили беше оставен лист со порака „Не викај пајак, земаме невеста“.
Објавата ги насмеа и расположи скопјани, а предизвика и низа коментари. Епа, не ти е лесно. Уште пајак да викаме, гласеше еден од коментарите.
Како вие би постапиле во ваква или слична ситуација?