петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Општина Карпош ја зголеми зградата во Влае, а пробува и да ја смести се поблиску до Партизанска, тврдат дел од жителите

Општина Карпош ја зголеми зградата во Влае, а пробува и да ја смести се поблиску до Партизанска, тврдат дел од жителите
ФОТО:ТЕЛМА

Иницијативата „Борба за Влае“ во која членуваат и дел од жители на ова маало, тврди дека Општина Карпош предводена од Стевчо Јакимовски, наместо да ја отстрани, ја зголемил катноста на зградата која според стариот Урбанистички план требаше да биде од 11 ката, а сега ќе се градат 12, објавува Телма.

Тие тврдат дека градоначалникот сторил и кривично дело, а сопственикот е ставен и во подобра состојба при евентуално окрупнување на парцелата.

Иницијативата „Борба за Влае“ сега достави нови барања односно државното земјиште на кое треба да се гради објектот да биде наменето за јавно добро односно објектот да се намали на вредноста на стариот ДУП кој предвидува максимална висина од 8 метри со намена комерцијални и јавни содржини на локациите на бараките на сегашното Кино Влае.

Најнови вести