„Пленковиќ е силен поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, ние сме сестрински партии, ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ имаат една долга соработка и ќе се видиме заедно на Конгресот на ЕПП на крајот на овој месец. Апсолутно има поддршка за предвремени избори, затоа што изборите и не се нешто чудно“,истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Николоски додаде дека во Словенија, во Хрватска имаше избори, па и во соседна Босна ќе има избори во текот на есенва, така што никој воопшто не поставува прашање дали треба или не треба да се случат избори.
„Пленковиќ силно го подджува ВМРО-ДПМНЕ, но и Македонија, ние имаме голем пријател во однос на проширувањето. Се видов и со министерот за надворешни и двајцата инсистираат да Македонија почне преговори со ЕУ. Но, има и една друга работа која што ме загрижува, јас таму бев во рами на еден настан организиран од пријатели на Европа каде што имаше 40 лидери под 40 години и навистина од сите области. И има едно јасно мислење кое што провејува, а тоа е дека сите поддржуваат двете нордински држави да станат членки на НАТО алијансата. Турција излезе со свои причини зошто тоа не би го дозволила, легитимно или нелегитимно не можеме ние да зборуваме. Има еден драматичен, сериозен притисок врз Турција да се откаже од ветото односно блокадата, секако да се разговара за нивните барања, но да се откаже од ветото. Што години наназад не го гледаме како притисок врз Бугарија. Што само потврдува дека постојат сериозен број на земји членки на ЕУ кои што не се убедени дека Македонија треба да почне преговори со ЕУ и ја користат Бугарија само како добар изговор, а не се убедени пред се степенот на корупција, и ради немањето реформи“, нагласи Николоски.