понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски преку Фејсбук статус се потсети на протестите пред 7 години

Спасовски преку Фејсбук статус се потсети на протестите пред 7 години

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку Фејсбук статус се потсети на протестите кои се оддржаа пред 7 години.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Оди си“, „Збогум Никола“, „Цензурата е забранета“, „Слобода“, „Готово е“…
Ова беа дел од натписите на транспарентите на граѓанскиот протест 17.05.2015 против режимот на кој заедно со граѓаните му порачавме “Готово е!” – со веење македонски и знамиња на етничките заедници, со обраќања на еминентни професори, студенти, уметници, граѓански активисти, во мирна атмосфера… Точно знаевме кои се причините и која е крајната цел – оставка на премиерот Никола Груевски и на целиот него владин состав.
Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, … заедно и обединети, бидејќи ѝ мислевме добро на државата, имавме безброј причини да протестираме против суров режим.
Протестиравме против насилството и криминалот за кои дознавме од прислушкуваните разговори на 20.000 лица, против замолчувањето на неистомислениците, против полициската бруталност и тепањето студенти, против неправдите со кои ги осиромашија граѓаните, против меѓународната изолација и заробената држава, мрачните сценарија и обидите за дестабилизација, против ставањето на личниот и партискиот интерес над граѓанскиот.
Го вративме достоинството на граѓаните, ја вративме демократијата во државата, слободата на медиумите, независноста на судството… Од аспект на МВР, создадовме полиција блиска до граѓаните, партнер со граѓаните и вистински сервис за спроведување на нивните права.
Денеска сме сведоци на една „активна блокада” на работата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која всушност претставува една активна кочница на исполнувањето и гарантирањето на правата на граѓаните, а со цел да се спречи континуираниот успех на СДСМ за напредок на државата. Се обидуваат да ги избришат вредностите кои ги воспоставивме, а кои нѐ исправија на нозе како држава, нѐ етаблираа како НАТО членка и нѐ приближија кон ЕУ. Најавуваат и народен протест, но знаат ли за што ќе протестираат?
Не знаат! Дали протестираат против зголемени плати, против двојно зголемена минимална плата (18.000 ден.) што во нивно време изнесуваше едвај 9.000 денари; против функционалните институции, против успесите на меѓународен план, против сѐ што значи напредок за граѓаните и државата?!?
Токму затоа молкот никогаш не бил опција, особено ако има за што да се крене гласот! Тоа го покажавме и со народниот протест одржан на денешен ден пред точно 7 години, а со кој порачавме – Доста беше молк, режим никогаш повеќе!

Најнови вести