Сонцето е многу корисно, не само заради Витаминот Д, туку и убива бактерии во просторијата, вели едно истражување на Универзитетот во Орегон.
Истражувачите ги изложиле бактериите во три одделни простории.
Едната просторија беше во темница, другата беше изложена на сончева светлина, а третата на ултравиолетовите зраци. По 90 дена, истражувачите ги собрале и ги проучувале резултатите од секоја просторија. Тоа покажа дека постои поврзаност помеѓу изложеноста на светлина и бројот на бактерии во прав.
Темната просторија се покажа како посоодветна за живеење и одгледување бактерии, со просек од 12 проценти повеќе. Во просториите изложени на дневна светлина и УВ светлина, само 6,8 и 6,1 отсто од бактериите биле одржливи, соодветно. Покрај тоа, бактериите од темната просторија биле повеќе поврзани со бактериите од другите две простории.
Значи, излегува дека витаминот Д не е единствената придобивка што ја добиваме од сончевата светлина. Исто така, може да ни помогне да ги спречиме респираторните заболувања.
Затоа, ако ги спуштате ролетните во својот дом за да не ве грее сонцето, веднаш престанете да го правите тоа.