петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Одличен трик со кој лесно ќе го исчистите садот за прашок кај машината за алишта

Одличен трик со кој лесно ќе го исчистите садот за прашок кај машината за алишта

Машините за перење алишта се едни од најкористените апарати во домаќинствата.

Доколку не е чист садот каде се ставаат прашокот и омекнувачот за алиштата, често може да има непријатна миризба и мувла.

Се што ви е потребно да го исчистите се сода бикарбона и алкохолен оцет.

Измешајте две лажички вода со три лажички сода за да добиете густа паста која ќе ја ставите во садот за детергент. Потоа во барабанот ставете 250 мл алкохолен оцет и вклучете на 60 степени.

Овие две состојки се соврешена комбинација за отстранување на нечистотиите и непријатните мириси. Благодарение на високото ниво на киселост во оцетот, ќе добиете моќно средтсво кое ги уништува бактериите и нечистотиите. Содата пак делува како абразивно средство за чистење без гребнатини.