Почитувана Министерке за одбрана Петровска,
Ајде вака:
Факт 1.
Официјален допис, од проф.др. Темелко Ристески – вршител на работа по договор за дело, до Државниот секретар во Министерството за одбрана.
Факт 2.
Предмет – Извештај за извршената работа во текот на период на месец јули 2020 година.
Факт 3.
Извештај даден врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 02.01.2020 година. А поконкретно од чл. 7, алинеја 4 од договорот помеѓу него и министерството.
Лично тој ИЗРАБОТИЛ:
– Активно следење на кампања
– Напишал 10 објави на фејсбук во поддршка на коалицијата “Можеме”
– Напишал два агитациски текста за поддршка на коалицијата “Можеме” објавени од фејсбук профилот на Партијата на пензионерите.
– Остварувал телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата “Можеме”.
ЗАКЛУЧОК:
РАПОРТИРА ВО ДРЖАВЕН ОРГАН ЗА ПАРТИСКИ ЗАДАЧИ !!!
Димитар Ковачевски не треба да чека да дојдете од Вашингтон, туку ако и самиот не е вмешан во ова веднаш да ве разреши.
Доколку не ве разреши до тогаш, ве чекаме во Собрание да поразговараме и да објасните колку пати и на колку лица сте исплатиле по 10.000, односно на вакви ботови, пишува во својата Фејсбук објава пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.