четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Петкоска: Наместо да ги оставите земјоделците да си ја вршат својата работа по нивите, им наметнувате дополнителни услови за субвенционирање и ги принудувате да чекаат по шалтерите

Петкоска: Наместо да ги оставите земјоделците да си ја вршат својата работа по нивите, им наметнувате дополнителни услови за субвенционирање и ги принудувате да чекаат по шалтерите

Во денешно време кога светот стравува од глад заради кризата во производството на храна, ние говориме за предлог закон со кој само се потврдува негрижата на власта за земјоделците, од кој сите зависиме, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска.

Таа од собраниската говорница во македонскиот парламент, каде што се дискутура за Предгог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, упати критики до власта дека наместо да ги оставаат земјоделците непречено да ги извршуваат работните активности по нивите, тие со новите предлог измени им наметнуваат им наметнуваат дополнителни услови за добивање субвенции и со тоа ги принудуваат, место да работат по нивите, да чекаат по шалтерите.

„Наместо да ги оставите земјоделците, непречено да си ја вршат својата работа по нивите, им наметнувате дополнителни услови за субвенционирање и ги принудувате да чекаат по шалтерите. Во оваа убава македонска земја имаме почва на која, од секоја семка се раѓа плод, но наместо земјоделците да ни се на пиедесталот, власта ги фрла на маргините и од чесни домаќини од нив прави социјални случаи“, рече Петкоска.

Таа посочи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како што ги поддржале сите закони што значат помош за македонските граѓани, така ќе го поддржат и ова законско решение, но тоа не значи дека законот е добар и дека солидно е уредена законската материја.

Петкоска истакна дека ако на власта им беа важни земјоделците уште на вчерашната седница, Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален развој, ќе беше ставен за прва точка на дневен ред.

„Како што сме поддржале бројни други закони кои значат помош за македонските граѓани, така даваме целосна поддршка и на овој закон, но тоа не значи дека законот е добар и дека солидно е уредена законската материја. Да беше грижата на власта реална, да беше грижата за земјоделците поважна од бизнисот со фотоволтаици и тендери, вие уште вчера на вчерашниот дневен ред ќе го започневме со оваа точка. Но, во држава каде што популизмот на власта е најважен, приоритетите се измешани и се оди во погрешен редослед од потребното. Со оваа власт, секојдневно гледаме дека ниту едно законско решение не е уредено како што треба, секојдневно имаме пиши бриши закони со кои наместо да им се олеснува на граѓаните им создавате дополнителни маки“, вели Петкоска.

Додаде дека, читајќи го законот, прво што и падна во очи беше податокот дека со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, земјоделските стопанства нема да имаат парични обврски спрема Министерството за земјоделство за користење на поддршка од програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Но, додава, им наметнувате дополнителен услов на земјоделците да немале обврски по основ, не платени даноци и придонеси кон Управата за јавни прихподи.

„Тука, логично ми се поставува прашањето, зошто не им се исплатуваат субвенциите на оние земјоделци кои си доставиле комплетно уредна документација и кои си ги подмириле сите обврски и спрема министерството за земјоделство и спрема УЈП?“, запраша Петкоска.

Најнови вести