По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, одговорни за одржување на светлосната сигнализација денес на булеварот Гоце Делчев на пешачкиот премин кај стара меѓуградска станица ги поставија новите светлосни сообраќајни знаци.
– Светлосните сообраќајни знаци со пиктограм се поставени кај средишното зеленило на булеварот и се со функција за подобра видливост на пешачкиот премин, како и за зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. Светлосните знаци ќе се поставуваат и наредниот период од двете страни на булеварот, информираат од ЈП Улица и патишта.